Најсилната кошаркарска лига на светот (НБА) постави неколку рекорди на посетеност во сезоната 2022/23, пренесува „The Athletic“.
Сезонава беше соборен рекордот за вкупна посетеност на сите натпревари - 22.234.502 навивачи. Претходниот рекорд беше поставен во сезоната 2017/18 (22.124.559).
Исто така, во оваа сезона, просечната посетеност на секој натпревар надмина 18.000 навивачи по натпревар (18.077).
Лигата ги ажурираше и распродадените натпревари – вкупно 791. Претходниот рекорд за натпревари со полн капацитет изнесуваше 760, беше поставен во сезоната 2018/19.