По повод одбележувањето 150 години македонска железница, во Музејот на Град Скопје вечер во 19.30 часот ќе биде отворена изложбата „Добредојде во Скопје“.

-Изложбата ја следи историјата на железниците од нивната појава во светот, развојот на железниците во Македонија, со посебен акцент на железниците во Скопје, почнувајќи од 1873 година сè до денес, соопшти Музеј на Град Скопје.

Изложбата е збогатена со предмети од фондот на Музејот. Автор на изложбата е Зоја Богдановска, кустос советник историчар.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2023 09:27