Екипата на Лос Анџелес лејкерс ноќеска ја совлада Минесота со 108:102 по продолжение. Калифорнискиот клуб благодарение на победата стана седми носител во плејофот на НБА-лигата.

Во првото коло од разигрувањето за шампионскиот трофеј, Лејкерси ќе се соочат со Мемфис, кој го зазеде 2. место во Западната конференција по лигашкиот дел.

Серијата прв до четири победи ќе започне со два меча во Мемфис. Првиот натпревар ќе се одигра во недела.

Минесота во следниот дуел од плејин ќе се соочи со победникот од двојката Њу Орлеанс-Оклахома.

Од Источната конференција, место во плејофот избори Атланта по триумфот над Мајами.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/04/2023 10:09