Македонскиот кошаркарски вицепрвак, Пелистер, вечерва претрпе убедлив пораз од Хелиос во четвртфиналето од АБА 2 регионалната лига.
На завршниот турнир во Домжале, словенечкиот претставник доминираше од самиот почеток и на полувреме замина со предност 56:24. Разликата постојано се зголемуваше, па Хелиос по 30 минути имаше водство 84:41, а на крајот негативата на битолчани беше 54 поени.
Само четворица пелистерци постигна поени на овој натпревар: Хаџифезовиќ 17, Силаџи 16, Сапунџиев 11 и Стајиќ 3.
Тренерот на Пелистер, Марјан Илиевски причината за поразот ја најде во некомплетноста на неговиот тим.
- Имавме еден играч повреден и двајца играчи за кои не би го коментирал нивното отсуство, па некомплетни не можевме да сториме нешто повеќе, истакна Илиевски.
По овој пораз Пелистер заврши со настапите во АБА 2 и сега ќе се насочи кон домашното првенство.