Актуелниот тренер на загрепска Цибона, Јосип Сесар (45), е назначен денеска за нов селектор на хрватската машка кошаркарска репрезентација.

Во најтесниот круг кандидати за нов хрватски селектор беше и актуелниот предводник на белгиската репрезентација и Остенде, Дарио Ѓерѓа.

Новиот хрватски селектор, кој како играч има настапи со репрезентацијата на три европски првенства (1997, 1999, 2001), тренерската кариера ја почна во 2020 година.

Претходно оваа година Сесар со Цибона го освои првиот тренерски трофеј – Купот Крешимир Ќосиќ.



Автор: Администратор
Објавено на: 14/04/2023 06:00