Друштвото на писатели на Македонија денеска организираше настан „Во име на новото“, кој, како што беше кажано, има за цел да го промовира новото творештво на македонските автори. Беа претставени авторите Јулијана Величковска, Игор Анѓелков и Иван Антоновски.

Претседателот на ДПМ Христо Петрески нагласи дека е многу важно почнувањето на еден ваков циклус „Во име на новото“. Тој се осврна и на творештвото на овие тројца автори. За Анѓелков, Петрески рече дека е тазе член во Друштвото, иако можело и требало да биде и претходно, имајќи го предвид неговото творештво. За Величковска, тој истакна дека исто така е докажан автор, создава и за возрасни и за деца. Тој потсети оти таа објави една многу необична и интересна книга „Ведра“.

- Јас се радувам што сѐ повеќе има автори кои пишуваат книги за деца и млади. По еден вакуум и мртов период во литературата за деца и млади, последните неколку години за среќа се јавија повеќе автори, меѓу нив и Јулијана Величковска. Јас верувам дека македонската литература за деца со вакви автори како што е Јулијана има иднина, додаде Петрески.

Тој се осврна и на творештвото на Антоновски.



Автор: Администратор
Објавено на: 18/04/2023 14:08