Кошаркарот на Сакраменто, Даерон Фокс, е прогласен за најдобар играч сезонава во решавачките моменти од натпреварите, објавено е денеска на сајтот на НБА лигата.

Фокс со тоа стана првиот добитник на оваа награда, освојувајќи 91 поени од можните 100.

Фокс го заврши регуларниот дел од сезоната со просек од 25 поени, шест асистенции, четири скокови и една украдена топка по натпревар.

Наградата му припадна поради 194 поени постигнати во завршните моменти од натпреварите во кои се одлучуваше победникот.

„Секогаш велам дека не треба да се плашите од неуспех. Не можете да го погодите секој шут, но моите соиграчи и тренери ме доведоа во позиција тоа да го можам, така што најмалку што можам е да бидам самоуверен и да преземам одговорност за некои важни шутеви“, изјави 25-годишниот Фокс.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2023 07:45