Фестивалот МОДОАРС во своето 16-то издание со гордост го најавува својот прв концерт во 2023 година.

На концертот за две гитари и мецоспоран, кој ќе се одржи на 22.04.2023 година – сабота во 20 часот во Даут Пашин Амам ќе настапат уметниците од Италија:

Масимо Агостинели - гитара

Кјара Гуљелми - мецоспоран

К.Г. МаурициоДиФулвио–гитара

Во прекрасната атмосфера на амамот, ќе прозвучат дела за глас и гитара од класичниот репертоар на Моцарт, Шуберт, Пасиељо, Гарсија Лорка, но и од современата музика со дела на Чик Кореја, Ди Фулвио, Стинг.

Концертот се реализира со поддршка од Министерството за култура на Р. Македонија. И покрај ограничените сретства за реализација на фестивалот оваа година, тимот на Модоарс создаде и ќе реализира интересна и несекојдневна програма со домашни и странски уметници. Покрај уметниците од Италија, на Фестивалот ќе настапат и Енрике Муњоз (гитара) – Шпанија, Паоло Шибилија (пијано) – Италија, Тамара Ангеловска (сопран), Ема Попивода (пијано).

Фестивалот МОДОАРС ја продолжува традицијата на успешна реализација на концерти со извонредни уметници, а со тоа и активно да учествува во креирањето на културната сцена кај нас, издигнувајќи ја на ниво со светската културна сцена.



Автор: Администратор
Објавено на: 20/04/2023 12:24