Во организација на Народниот музеј, синоќа во Ликовниот салон во Велес беше отворена самостојна изложба, со наслов „Кружни поврзувања“, на ликовната уметница Петра Јовановска и нејзините гости, уметниците Шарка Цогонова и Вит Павлик од Република Чешка.
На изложбата претставени се 32 дела, од кои 22 на Петра, а по пет на останатите двајца. Изложбата е со поддршка на Министерството за култура и чешката Амбасада во земјава. Свечено беше отворена од Давид Чернохорски, конзул на Република Чешка.
Јовановска во разговор за МИА потсети дека во Велес за првпат се претставила со групната изложба „Изминување на времето“ на група чешки и македонски автори на видео и скулптура, отворена пред шест години. Ова е нејзина втора изложба во овој град.