Екипата на Денвер нагетс ноќеска ја совлада Минесота во третиот натпревар од првото коло на НБА плејофот со 120:111. Ова беше трета победа во низа за Нагетс и сега ги дели само еден триумф од четвртфиналето.
Центарот на Денвер, Никола Јокиќ забележа трипл-дабл од 20 поени, 11 скока и 12 асистенции.
Четвртиот натпревар во серијата ќе се одигра на 24 април.
Освен Денвер, водство од 3:0 во серијата прв до четири победи, во осминафиналето има и Филаделфија против Бруклин. Со 2:1 во победи водат Њујорк против Кливленд, Бостон со Атланта, Феникс со ЛА клиперс и Сакраменто против Голден стејт. Нерешено 1:1 е на пресметките Милвоки – Мајами и Мемфис – ЛА лејкерс.