Плејмејкерот на Лос Анџелес клиперс, Расел Вестбрук, смета дека Каваи Ленард е најдобриот кошаркар на светот.

Каваи го пропушти мечот број 3 од серијата од првото коло во НБА плејофот против Феникс (1:2).

-Жал и е за него. Во последно време игра неверојатна кошарка. Тој е најдобриот играч на планетата, да бидам искрен. Ментално, тешко му е да пропушти толку важни средби. Мило ми е што се обидува да ни даде поддршка и од клупата, изјави Вестбрук за „ESPN“.

Четвртиот натпревар од серијата ЛА клиперс - Феникс ќе се игра вечер од 21:30 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/04/2023 14:19