Македонската поетеса и писателка Јулијана Величковска со свое читање настапи на Интернационалниот поетски фестивал во Ларнака, Кипар. Читањето се одржа во градскиот театар.

Величковска говореше и на тркалезната маса која се одржа во рамки на фестивалот на тема „Поетскиот јазик како израз и сообликувач на општеството“.

Фестивалот ќе трае до 23 април, а него учествуват и поети од САД, Грција, Германија, Шпанија, Италија, Колумбија, Словенија, Хрватска и од земјата домаќин Кипар.



Автор: Администратор
Објавено на: 23/04/2023 04:17