Првата ѕвезда на Голден Стејт вориорс, Стеф Кари за малку ќе беше трагичар на синоќешниот дуел со Сакраменто во НБА-плејофот. Голден Стејт победи со 126:125 и изедначи на 2:2 во серијата прв до четири победи.

Во финишот на натпреварот при водство на Вориорс со пет поени разлика, Кари побара тајм-аут во ситуација кога тимот веќе немаше право на такво нешто, па судиите му доделија техничка грешка и топка за Сакраменто. Грешката на Кари за малку ќе доведе до пораз на Вориорс.

- Не знаев дека по неуспешниот „челинџ“ не ни остануваат тајм-аути. Тоа што го направив не беше најпаметната одлука. Ме фатија пар играчи на Кингс, немав каде да бегам, решив наместо да ја изгубам топката да побарам тајм-аут... Кога погледнав кон клупата, сите се држеа за глава. За среќа, сепак победивме. Ова е добра лекција за важноста на малите нешта и нијанси, рече Кари.

Следниот натпревар од серијата ќе се игра во Сакраменто ноќта среда кон четврток.



Автор: Администратор
Објавено на: 24/04/2023 09:38