Пет мали балерини од „Арбеск“ Штип влегоа во финалето на „Глобал денс опен“ натпреварот кој ќе се одржи во Шпанија. На виртуелниот дел од натпреварот сите пет дечиња добија бодови за влез во финале, а едно од девојчињата се закити и со бронза. Во јули ќе се одржи финалето кое е со физичко присуство и кое претставува вистинско искуство, како за учениците така и за наставниците. Балерината Елизабет Колевска вели дека подготовките се во тек и очекуваат да се покажат во многу подобро светло.
-Финалето кое се одржува со физичко присуство е планирано да биде месец јули од 19 до 22 јули и се одржува во Шпанија. Се надеваме дека ќе успееме овојпат да присуствуваме, навистина, со физичко присуство, затоа што сметам дека тоа ќе биде едно големо искуство за сите дечиња и таму ќе се сретнат со навистина голема конкуренција оти овде се селектирано најдобрите. Потребно е пред сè да продолжиме со работа, со континуитет, да ги подобриме варијациите со кои настапувавме сега уште повеќе за да може да се покажеме да се покажеме во најдобро светло, вели Колевска.
Малите балерини велат од мали нозе играат балет. Колевска забележува дека во Штип има голема заинтересираноста од најмала возраст за балет. Посочува дека изненадувачка е бројката на ученици кои учат да играат балет, но и радува фактот дека овој број постојано расте.
-Генерално има интерес, еве, еден град како Штип можам да кажам дека навистина имаме интерес од дечиња кои се во помала и поголема возраст, па дури и од возрасни. Драго ми е што ја негуваме нивната љубов, додава Колевска.
Центарот за балетска уметност „Арабеск“ Штип ќе биде единствениот претставник од Штип, но и од Македонија на натпреварот во Шпанија.