Тандемот со знакот на ФИБА, Александер Павлов и Алија Феревски, се дел од официјалните судии за завршниот фајналфор турнир во балканската кошаркарска БИБЛ лига што од 28 до 30 овој месец ќе се одржи во бугарскиот град Стара Загора.

Покрај Павлов и Феревски, на листата судии за завршниот турнир во Стара Загора се и двоецот од Грција, Диамантидис Лортос-Јоанис Аграфиотис и Стефан Кубуровиќ и Сава Четковиќ од Црна Гора,

За титулата во БИБЛ лигата ќе се борат Хапоел Бер Шева (Израел), Миленијум (Црна Гора), Пеќ (Косово) и Берое (Бугарија).



Автор: Администратор
Објавено на: 26/04/2023 03:57