Финскиот кошаркар Лаури Марканен е избран за играч кој најмногу напредуваше во текот на оваа сезона во НБА лигата.
Марканен, кој сезонава го доби и својот прв Ол стар повик, го зголеми личниот просек за речиси 11 поени по натпревар и имаше ефект од 25.6 кошеви, 8.6 скокови и 1.9 асистенции.
Финецот е седми интернационалец кој ја освоил оваа награда, приклучувајќи им се на Паскал Сиакам, Јанис Адетокумбо, Горан Драгиќ, Борис Диав, Хеди Туркоглу и Георге Мурешан.