Во Берово е отворена ликовна изложба „30-та Лесновска ликовна колонија“, во организација на Дом на култура „Димитар Беровски“.

Изложбата ја отвори директорот на установата Звонко Скендерски.

-На изложбата претставени се дела со мотиви од природните убавини на лесновскиот крај и околината на лесновскиот манастир, портрети, апстрактни композиции и дела инспирирани од традиционалната македонска архитектура и духовност, истакна Скендерски.

На отворањето на изложбата присуствуваше и директорката на Домот на култура „Злетовски рудар“-Пробиштип, Сандра Мијалковска која дополни дека во рамки на изложната претставени се дела на автори од соседните земји

- Претставени се ликовните остварувања на уметниците учесници на меѓународната колонија од Македонија, Србија и Бугарија, изработени во комбинирана техника, спреј на платно и масло на платно, додаде Мијалковска

Изложбата е отворена во Историско-етнолошкиот музеј на град Берово и ќе биде поставена до 03.05 секој работен ден во периодот од 07:30 до 15:30 часот.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2023 03:42