Во галерија „КО-РА“ вечер од 19 часот ќе биде отворена самостојна изложба на Јорданка Мирковска насловена „Моќта на восокот“.

Од ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“-Скопје информираат дека делата на Мирковска побудуваат интерес со специфичноста на усвоената техника енкаустика, како и со специфичноста на изразот и на фантазијата.

-Јорданка Мирковска со своите истражувања на ликовноста, и можните изрази и техники особено остава впечаток во творењето во техниката енкаустика, како малку позната и ретко застапена техника, но која ја бранува нејзината фантазија, претставена во портретно сликарство, пејзажи, мртва природа, како и фрагменти на природата - лисје, цвеќе, гранки преточени во стилизирани апстрактни мотиви, наведува Виолета Калиќ, историчар на уметноста, во освртот кон изложбата.

Јорданка Мирковска (Ресен, 1954) дипломирала на Економскиот факултет на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“. Интерес за уметноста пројавила од најрана возраст и целосно и се посветила по пензионирањето.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2023 09:51