Министерството за култура интензивно работи на решение кое набргу ќе го сподели со сите засегнати. Впрочем, тоа им го вети и министерката Бисера Костадиновска-Стојчевска на неколкуте средби, соопштија од Министерството по денешниот протест на вработените во Филхармонија поради одлуката за вдомување на Национален џез-оркестар во зградата на Филхармонијата.

Од Министерството посочија оти веруваат дека филхармоничарите набргу, кога ќе го слушнат решението, ќе им биде јасно дека со одлуката за привремено останување на џез-музичарите во Филхармонијата до правното регулирање на нивната НУ, никој немал никаква заднинска намера.

-Нема логика Министерството за култура, под чија надлежност се сите национални установи, значи и Филхармонијата и новоформираниот Џез-оркестар, да работи на штета на која било од нив, се наведува во соопштението на Министерството.



Автор: Администратор
Објавено на: 27/04/2023 14:47