Меѓународната кошаркарска федерација (ФИБА) одлучи домаќин на Светското првенство за кошаркари во 2027 година да биде Катар.
Со тоа оваа азиска земја, по Светското фудбалско првенство кое го организираше на крајот од минатата година, ќе биде домаќин и на завршниот турнир во вториот најраспространет спорт во глобални рамки.
Домаќин на кошаркарскиот Мундијал 2027 ќе биде катарската престолнина Доха, која веќе сега располага со целата потребна инфраструктура за завршниот турнир на кој ќе настапат 32 репрезентации.
Кошаркарското СП 2027 ќе биде трето во низа кое ќе се одржи надвор од Европа. Домаќин на СП 2019 беше Кина, а Мундијалот оваа година го организираат Јапонија, Индонезија и Филипини.
Паралелно со ова, ФИБА одлучи Светското првенство за кошаркарки во 2026 година да се одржи во Берлин.