Тренерот на Кливленд, Џеј Би Бикерстаф, нема да се повлече од функцијата по елиминацијата на тимот во првото коло од плејофот во НБА лигата, објави „ЕСПН“.

За време на вчерашната прес-конференцијата, претседателот на Кливленд за кошаркарски операции Коби Алтман го поддржа тренерот.

-Престанете да шпекулирате. Џеј Би Бикерстаф останува. Го почитуваме и поддржуваме тоа што го прави со тимот, рече Алтман.

Во четвртокот, Кливленд загуби од Њујорк и беше елиминиран со 1:4 во серијата од првото коло во разигрувањето за шампионскиот трофеј



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2023 16:54