Во уметничката галерија „А - Gallery" во Талин, е поставена изложбата MULTIVERSE на македонската уметница Мима Пејоска.

Изложбата е базирана на концептот на паралелни универзуми, претставена со дела изработени од комбинација на сребрен филигран и хеклан челик.

Мима Пејоска е уметница од помладата генерација, која своето образование и искуство ги има добиено во државава, како и во Италија, Турција, Германија и во Америка.

Нејзини дела веќе биле изложени во Савана, Вашингтон, Хонг Конг, Тајпеј, Атланта, Берлин, Ерусалим, Брисел, Барселона. Соработува и работи главно за компании од САД и Хонг Конг.

Продажната изложбата ќе биде отворена до 25 јуни годинава.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/04/2023 17:17