Кошаркарите на Денвер го совладаа синоќа на домашен терен Феникс со 125-107 и во полуфиналето на Западната конференција во НБА лигата поведоа со 1-0 во серијата до четири победи.

Денвер до убедливиот старт во полуфиналната серија го предводеа Џамал Мареј (34 поени и 9 асистенции), Никола Јокиќ (24 поени и 19 скокови) и Арон Гордон (23 поени и 6 скокови).

Најефикасен во редовите на Феникс беше Кевин Дурант со 29 поени.

Вториот натпревар е на програмата во Денвер во вторник.



Автор: Администратор
Објавено на: 30/04/2023 10:37