Лос Анџелес лејкерс повеќе не планираат да го ангажираат кошаркарот на Далас маверикс, Кајри Ирвинг кој летово ќе стане слободен играч.

Според „Атлетик“ клубот од Лос Анџелес не е подготвен да се откаже од неколку играчи кои би биле тргувани во крајниот рок за да го ангажираат 31-годишниот Американец.

Сезонава Ирвинг одигра 20 натпревари за Далас, со просек од 27 поени, 5 скока и 6 асистенции. Претходно играше за Бруклин 40 натпревари со просек од 27,1 поен, 5,1скок и 5,3, асистенции.

Лејкерс во четвртфиналето на НБА плејофот ќе игра со актуелниот шампион, Голден Стејт вориорс.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/05/2023 09:34