Драган Николиќ од денеска не е прв тренер на екипата на МЗТ Скопје Аеродром, откако по објавата за суспензијата од десет натпревари взаемно беше договорен прекин на меѓусебната соработка, објави попладнево тимот од Јане Сандански.

- Управата на клубот жали што дојде до ваква ситуација пред самиот крај на домашната сезона, во ситуација кога се бориме за десеттата шампионска титула во клупската историја. Популарниот Гаги имаше долги разговори со челниците на сино-белите, во кои беше дискутирана ситуацијата околу одлуката на КФМ и во кои дојде до взаемна согласност дека ваквата разврска е најчесен чин за клубот, по што уште еднаш искажа огромна љубов и потврди дека го оставил своето срце на најдобар начин на кој сметал дека ќе донесе резултат, стои во соопштението на МЗТ Скопје.

Македонскиот кошаркарски шампион од денес ќе биде предводен од досегашниот прв помошник, Васко Атанасов.



Автор: Администратор
Објавено на: 03/05/2023 03:39