Гран Канарија синоќа го победи Турк Телеком во финалето на Еврокупот со 71:67. Шпанскиот тим го освои овој турнир за прв пат во историјата.
Кошаркарот на шпанскиот клуб Џон Шурна беше најдобар стрелец во финалето со 18 поени.
Освојувањето на Еврокупот и дава право на Гран Канарија следната сезона да игра во Евролигата.