Локалната велешка библиотека „Гоце Делчев“ денеска одбележа 120 години од смртта на Гоце Делчев. По тој повод, повеќе делегации положија букети цвеќе пред бистата во холот на библиотеката.

Директорката Снежана Башевска потенцираше дека нивна цел е да имаат задоволни читатели како од детскиот, така и од одделот за возрасни.

- Секоја година добиваме нови интересни наслови и ја збогатуваме нашата библиотека. Всушност, библиотеката е место каде што човекот го храни својот ум. Моментално броиме околу шест илјади членови и имаме над 100 илјади книги, информираше Бошевска.

Настанот беше збогатен со монодрамата „Мајката на Делчеви“ во изведба на актерката Весна Димитрова Бобевски, а беа доделени награди и благодарници.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/05/2023 02:23