Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ е казнет од НБА со 25.000 долари.

Дваесет и осумгодишниот Србин го оттурна сопственикот на Феникс, Мат Ишбија за време на четвртиот натпревар од полуфиналната серија на Западната конференција. Во исто време, Јокиќ не доби суспензија од натпреварите.

Јокиќ постигна 53 поени, но Феникс победи на натпреварот со 129:124 за израмнување на серијата (2-2).


Јокиќ казнет со 25 илјади долари поради туркање на сопственикот на Феникс

Следниот дуел на овие две екипи е утре во 4 часот по македонско време.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2023 09:38