Екипите на Мајами хит и на Лос Анџелес лејкерс поведоа со 3:1 во четвртфиналето од НБА-плејофот.

Лејкерси утринава го совладаа Голден Стејт вориорс со 104:101, благодарение на подобрата игра во последната четвртина (27:17). Леброн Џејмс со 27 поени и девет скока и Ентони Дејвис со 23 поени и 15 скокови беа најдобри во победничката екипа, Стеф Кари со трипл-дабл 31 поен, 14 асистенции и 10 скока се истакна во поразениот тим.

Мајами беше поуспешен од Њујорк никс со 109:101. Џими Батлер со 27 поени и 10 скока беше предводник на „жешките“ до важниот триумф.

Резултатот во серијата кај другите две четвртфинални двојки, Бостон – Филаделфија и Денвер – Феникс е нерешен 2:2.



Автор: Администратор
Објавено на: 09/05/2023 09:43