Центарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ постигна трипл-дабл во петтиот натпревар против Феникс санс (118:102, 3-2).

Јокиќ на натпреварот одигран рано утрово во Денвер, за 38 минути имаше 29 поени (12 од 20 од поле), 13 скока и 12 асистенции.

За Србинот ова е 10-ти трипл-дабл во НБА плеј-офот, тој стана рекордер по овој показател меѓу центрите, престигнувајќи го легендарниот Вилт Чембрлен (9).

Лидер во плејофот во трипл-дабл е Меџик Џонсон (30), а потоа следат Леброн Џејмс (28), Расел Вестбрук (12) и Џејсон Кид (11).



Автор: Администратор
Објавено на: 10/05/2023 11:56