Македонската кошаркарска репрезентација до 18 години ќе учествува на Европското првенство во Б дивизијата, кое од 30 јуни до 9 јули ќе се одржи во Софија.
Селекторот на женската јуниорска репрезентација, Јелена Антиќ денеска излезе со поширокиот список на кошаркарки на кои ќе смета во подготвителниот период.
Подготовките ќе се одвиваат во Скопје, а првиот селективен тренинг е закажан за крајот на мај.
На поширокиот список на селекторот Антиќ се најдоа 25 кошаркарки: Марија Николов – Баскет Кам 2011, Ана Милованова – Баскет Кам 2011, Мила Ѓуковиќ – Баскет Кам 2011, Милица Николиќ – Torrelodones, Шпанија, Ања Начевска – Вардар, Мартина Џангаровска – Вардар, Михаела Алексовска – Крива Паланка, Ксенија Петревска – Крива Паланка, Божица Стоевска – Крива Паланка, Климентина Модева – Струга 2009, Евгенија Танаскоска – Michigan Magic AAU, САД, Јована Димковска – Бадел 1862, Зара Стојковска – Бадел 1862, Ана Ангеловска – Патриот 2016, Белма Дечковиќ – МЗТ Скопје Аеродром, Ива Дојчинова – Тим Арена, Сара Ѓорѓиеска – ГКК Охрид, Љубица Бошкова – Јанбор, Анастасија Тодорова – Јанбор, Ангела Анѓелеска – Вардар, Деа Хоџа – Шкупи, Мила Ќолчевска – Пробаскет Кавадарци, Ана Иветиќ – Тим Арена, Матеа Митева – Тим Арена, Ана Ѓорѓиевска – Тетова Булс