Екипите на Монако и на Реал Мадрид се пласираа на завршниот Ф4 турнир во елитната кошаркарска Евролига. Ова е епилогот по синоќешните мајсторки во последните две четвртфинални пресметки.

Во Мадрид, Реал по голема борба го совлада Партизан со 98:94 и од 0:2 стигна до 3:2 во победи. Монако, исто така го искористи домашниот терен во петтиот меч од пресметката со Макаби и славеше со 97:86.

На завршниот турнир во Каунас, Реал ќе се соочи со Барселона, додека Монако ќе игра со Олимпијакос.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2023 09:54