Во Културно-информативниот центар - Скопје вечерва од 20 часот ќе биде промовиранаа поетската книга „Живот на меѓукат“ од Јовица Ивановски.

За книгата ќе зборува Ѕвездан Георгиевски, а песни ќе читаат Борче Николовски и актерот Исмет Шабановиќ.

Јовица Ивановски е роден во Скопје, 1961 година. Автор е на седумнаесет книги поезија и неколку избори на македонски и англиски. Застапен е во повеќе антологии и препеан на петнаесетина јазици.

Добитник е на наградата „Браќа Миладиновци“, на Струшките вечери на поезијата, за книгата „Човек“ (2019). Сè уште живее и работи во Скопје.



Автор: Администратор
Објавено на: 11/05/2023 09:57