Екипата на Баскет Кам по втор пат во историјата на македонското кошаркарско првенство стигнаа до шампионскиот трофеј.

Вечерва во Скопје, во третиот натпревар од финалната серија на плејофот, тимот предводен од тренерот Златко Гоцевски славеше со 68:59 и со чисти 3-0 го симна Бадал од тронот.

Првиот трофеј кошаркарките од Македонска Каменица го освоија во 2021 година.

Најзаслужна за победата на Баскет Кам беше Елена Тасевска со 22 поена. Таа е прогласена за МВП во финалната серија.

Во поразениот тим се истакна Американката Кетлин Метју исто така со 22 поена.



Автор: Администратор
Објавено на: 15/05/2023 03:53