По завршувањето на сезоната во кошаркарската Евролига, е познато како ќе биде распределен наградниот фонд. Како првопласирана екипа, Реал Мадрид ќе добие најголема сума - 1.759.398 евра.

Олимпијакос, поразениот во финалето, ќе добие речиси половина - 996.992 евра. Монако ќе добие 879.699 за третото место, Барселона 762.406 за четвртото.

Понатаму, паричната награда за сезоната 2022/23 е распределена на следниов начин: Макаби - 703.759 евра, Партизан - 645.112, Жалгирис - 586.466, Фенербахче - 527.819, Басконија - 469.173, Црвена ѕвезда 410.526, Анадолу Ефес 351.880, Милано - 293.233, Валенсија - 234.586 и Виртус - 175.940.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2023 10:42