Мајами хит ноќеска го победи Бостон селтикс со 128:102 во третиот натпревар од полуфиналето на НБА плејофот.

Најдобар кошаркар на натпреварот беше Гејб Винсент кој со 29 поени ги предводеше „жешките“ до убедлив триумф.

Резултатот во серијата е 3:0 во корист на Мајами. Следниот натпревар ќе се ноќта вторник кон среда (24 мај почеток 2:30 часот по македонско време).

Во финалето на Западната конференција, Денвер исто така со 3:0 води против Лос Анџелес лејкерс.



Автор: Администратор
Објавено на: 22/05/2023 10:47