Кошаркарите на Бостон изборија „мајсторка“ во финалето на Источната конференција во НБА лигата, совладувајќи го синоќа во шестиот натпревар Мајами со 104-103 на гостински терен, а победничкиот кош со звукот на сирената го постигна Дерик Вајт.

Бостон израмни во серијата на 3-3 и во седмиот натпревар пред своите гледачи ќе има шанса да стане прва екипа во историјата на НБА лигата која победила во плејоф серијата по негатива од 0-3.

Покрај Вајт, голема заслуга за триумфот на Бостон имаа и Џејсон Тејтум со 31 и Џајлен Браун со 26 поени, иако обајцата не успеаја да погодат ниту една тројка од 12 обиди.

Решавачкиот седми натпревар е на програмата во Бостон во ноќта меѓу понеделник и вторник во 02:30 часот по средноевропско време.

Победникот ќе игра во големото финале за шампионската титула против Денвер.



Автор: Администратор
Објавено на: 28/05/2023 11:14