Екипата на Вардар го победи Водно Санс со 85:77 во финалето на завршниот турнир од кошаркарското првенство за играчи до 18 години.

На натпреварот одигран синоќа во малата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје, најефикасни во победничкиот тим беа Павел Иванов со 20 и Никола Поповиќ со 19 поени.

Кај Водно Санс се истакнаа Коста Кириловски и Никола Јаничиќ со по 17 поени.

Во натпреварот за 3. место, Работнички го победи Феникс со 77:65.

За најкорисен играч (МВП) на турнирот е прогласен Павел Иванов.



Автор: Администратор
Објавено на: 29/05/2023 09:27