Ник Нурс е новиот тренер на Филаделфија, објави инсајдерот на ESPN, Адријан Војнаровски.

Во својата дебитантска сезона како главен тренер на Торонто, 55-годишникот стана шампион во НБА (2018/19). Следната сезона, тој ја доби наградата за најдобар тренер од регуларниот дел од сезоната 2019/20.

На крајот на април оваа година, Нурс ја напушти функцијата тренер на канадскиот тим.

Филаделфија се раздели со Док Риверс овој месец откако беше елиминирана од Бостон во второто коло од НБА-плејоф (3-4).



Автор: Администратор
Објавено на: 30/05/2023 11:09