Театарот „Чекори“ денес, 31.05.2023 во 20 часот на сцената на Домот на културата „Димитар Влахов“ во Автокоманда ќе ја изведе претставата „Приказна за Јосифа и нејзините Јосифи“ од македонскиот автор Живко Павлов.

Режија: Маја Ѓурчевска. Улогите во претставата ги толкуваат Лела Савевска, Георгина Алексовска, Тамара Илиева, Нина Неделковска и Марија Младеновска. Тон и светло мајстор, како и асистент на режија е Никола Димевски. Суфлер: Богдан Баџуков

Делото спаѓа во жанрот фантазија, а влезниците по цена од 150 денари можат да се набават на самиот влез, пред почеток на претставата.

Со своето 49-годишно постоење, Театар ,,Чекори” е најстариот алтернативен театар во Македонија



Автор: Администратор
Објавено на: 31/05/2023 19:27