Кошаркарот на Мајами хит, Џими Батлер, објасни зошто не ја прославил победата над Бостон во источното финале со остатокот од тимот.

На церемонијата на доделување награди по натпреварот, центарот Бам Адебајо го покани Батлер да го земе трофејот наменет за победникот во Источната конференција, а тој одби.

Батлер потоа даде објаснување за тој потег.

- Еве како се чувствувам за тоа. Не беше непочитување затоа што го сакам Бам. Многу сум благодарен за можноста да победам во Источната конференција, но тоа го правев и претходно. Веќе сторено. Сакам да станам шампион во НБА. Не играм за МВП на финалето на Источната конференција. Нема да играм ниту за МВП на финалето. Не ми е гајле. Играм за шампионскиот трофеј, изјави Батлер.

Во големото финале на НБА-лигата, Мајами хит ќе се соочи со Денвер нагетс.



Автор: Администратор
Објавено на: 01/06/2023 09:40