Американскиот кошаркарски тренер Монти Вилијамс ќе седне на клупата на НБА лигашот Детроит, откако неодамна доби отказ во Феникс по елиминацијата во разигрувањето за шампионската титула, објавија денеска локалните медиуми.

Вилијамс, според истите извори, се согласил на договор вреден 78.5 милиони долари, што воедно е рекорден износ во историјата на НБА лигата.

Изминатите четири сезони, 51-годишниот Вилијамс седеше на клупата на Феникс и го предводеше тимот од Аризона во големото финале во 2021 година во кое загуби од Милвоки.

Сменет од должноста во Феникс беше на 13 мај оваа година по елиминацијата од Денвер (2-4) во полуфиналето на Западната конференција во НБА лигата.

Вилијамс лани беше прогласен за најдобар тренер во најсилната кошаркарска лига во светот.



Автор: Администратор
Објавено на: 02/06/2023 15:31