Американскиот кошаркарски тренер Џо Мазула и следната сезона ќе го предводи НБА лигашот Бостон.
Младиот 34-годишен Мазула дојде во Бостон на почетокот на оваа сезона на местото на Име Удока, кој доби отказ поради кршење на клупските правила.
Во својата дебитантска сезона Мазула го предводеше Бостон до финалето во Источната конференција во кое загуби од Мајами (3-4).
„Станува збор за одличен водач, а со искуството кое го стекна оваа сезона, можеме да бидеме само подобри, бидејќи секогаш се обидува да научи нешто повеќе“, изјави спортскиот директор на Бостон, Бред Стивенс.