НБА лигашот Феникс постигна договор за соработка со поранешниот шампионски тренер на Лос Анџелес лејкерс, Франк Вогел, јавија денеска американските медиуми.

Според истите извори, двете страни се во процес на финализирање на договорот според кој Вогел би го наследил Монти Вилијамс, кој беше отпуштен од должноста по елиминацијата на Феникс од Мајами во полуфиналето на Западната конференција во НБА лигата.

Вогел треба да потпише договор на пет години, вреден 31 милиони долари.

Четириесетидеветгодишниот Вогел во 2020 година го предводеше Лос Анџелес лејкерс до шампионската титула, а следната сезона беше отпуштен од дoлжноста



Автор: Администратор
Објавено на: 03/06/2023 16:11