Екипата на МЗТ Скопје Аеродром по десетти пат го освои шампионскиот трофеј во македонското кошаркарско првенство, откако вечерва во Битола го победија Пелистер со 92:83 на гостински терен.

Со „чисти“ 3:0 во финалната серија тимот од Аеродром дојде до јубилејната титула, десетта во последните 11 години.

Со 33 постигнати поени, Војдан Стојановски го предводеше својот тим до заслужен триумф.

Битолчани втора сезона по ред не успеаја да се искачат на тронот во македонската кошарка, губејќи во финалето од „штрковите“.

Трофејот МВП на финалната серија отиде кај Војдан Стојановски.

МЗТ Скопје Аеродром е втората екипа со двоцифрен број шампионски трофеи. Повеќе има само Работнички – 15.



Автор: Администратор
Објавено на: 05/06/2023 05:22