Вест Хем вечерва во Прага ја победи Фиорентина со 2:1 во финалето на Конференциската лига на УЕФА.

Победата на лондонци им ја донесоа погодоците на Саид Бенрам, кој реализираше пенал во 62. минута и Џерод Боуен, кој погоди во финишот на натпреварот (90. мин.) Стрелец на единствениот гол за италијанскиот тим беше Џакомо Бонавентура во 67. минута.

Ова е прв трофеј за „чеканите“ од 1980 година кога тимот го освои ФА Купот.

Италијанските екипи остануваат без трофеј и во второто финале сезонава. Во финалето на Лига Европа, Рома загуби на пенали од Севилја.

Шанса италијанскиот фудбал да освои европски трофеј годинава останува на 10 јуни з акога е закажано финалето на Лигата на шампионите во кое Интер ќе се соочи со Манчестер сити.



Автор: Администратор
Објавено на: 08/06/2023 06:00