Во Националната опера и балет вечер ќе биде отворено третото издание на Фестивалот за класичен балет и модерен танц. Организатор на фестивалот е Детскиот културен центар „Карпош“ со поддршка на Град Скопје.

- Фестивалот за класичен балет и модерен танц е референтна точка за сите вљубеници во балетската уметност и модерниот танц, изјави директорката на установата Билјана Лалчевска Серафимовска.

Фестивалската програма опфаќа класичен балет и мноштво од современи стилови. Публиката ќе има можност да ги проследи изведбите на малите балерини, членови на балетската секција на ДКЦ „Карпош“, Балетското студио „Балерина“, ДМБУЦ „Илија Николовски - Луј“, Оља Тодоровска, како и гости од странство, Studio Baletit Angels, од Приштина и гостите од Љубљана - KGBL.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2023 08:20