Со освоени 56 поени, македонската репрезентација во баскет 3x3 го освои 5. место во евро-квалификаациите.

- Впрочем, тоа е напредок од дури пет позиции за нашата баскет селекција во однос на првобитното рангирање на ФИБА. Пред доаѓањето во главниот град на Словачка, Македонија беше поставена на десеттата позиција (зад нас беа само Грузија и Португалија), што говори дека учеството на овој собир можеме да го оцениме како успешно и позитивно. Македонија загуби од репрезентацијата на Австрија, која го освои и првото место на турнирот во Братислава, и од Чешка, која на крајот е „бронзена“, со обезбедено место на Европското првенство, откако во „малото финале“ ја совлада Полска. Тоа само говори за силината на ривалите кои ги имавме на турнирот на кој бевме подобри од Унгарија, но во клупнит меч, оној за пласман во полуфиналето, загубивме од Чешка, објави КФСМ.

На турнирот во Братислава одржан викендот, македонските баскетџии имаа ефект од една победа и два пораза, односно 33.3 % на успешност, висок процент на реализирани поени, по 18.7, и вкупно 56. освоени бодови кои ја „сместуваат“ веднаш зад четирите полуфиналисти.



Автор: Администратор
Објавено на: 12/06/2023 23:57