Денвер ноќеска на домашен терен го совлада Мајами со 94:89 во петтиот натпревар од финалето на НБА-лигата.
Предводник на Нагетс беше центарот Никола Јокиќ со 28 поени и 16 скока. Кај Хит исто така дабл-дабл ефект имаше Бам Адебајо - 20 поени и 12 скока.
Денвер ја доби серијата со 4:1 и за прв пат во историјата стана шампион во НБА.
За најкорисен играч (МВП) во финалето е прогласен Јокиќ.