Кошаркарот на Денвер нагетс, Никола Јокиќ ги искажа првите свои впечатоци по освојувањето на трофејот во НБА-лигата.

Нагетс ноќеска го совладаа Мајами со 94:89 и по вкупни 4-1 во финалната серија на плејофот за првпат во историјата станаа шампиони во НБА.

- Завршена работа, сега можеме да си одиме дома. Мајами е одличен тим. Неверојатен тим за кој имам многу почит. Петтиот натпревар беше страшен за нас, немавме реализација на ниво, но, на крајот сфативме како да се одбраниме, изјави Јокиќ за „ESPN“.

Дваесет и осумгодишниот Србин стана првиот играч надвор од топ 15 на драфтот кој беше прогласен за МВП на финалето и МВП на регуларниот дел од сезоната. Тој исто така стана првиот играч во историјата на НБА кој е прв на листата играчи според постигнати поени, остварени скокови и асистенции во ист плејоф.



Автор: Администратор
Објавено на: 13/06/2023 16:15